Барселона и Атлетико Мадрид се во преговори за размена на Антоан Гризман со Саул Нигез.
Иако двата клуба имаат направено сериозен прогрес, сепак зделката е комплицирана и ќе биде потребно повеќе време за да биде реализирана.
Проблем може да бидат личните договори на фудбалерите, платите во Барселона се многу поголеми од тие во Атлетико Мадрид, па нејасно е дали актуелниот шампион на Шпанија ќе му го понуди истото на Гризман што го заработува и во Барса. Или ќе се најде некој друг модус за да се задоволи Французинот.
Според шпанскиот медиум „РМС Спорт“, Гризман не бил ни свесен дека Барселона почнала преговори за негово заминување, тој тоа го дознал од медиумите и не му било сеедно.
Гризман никогаш не посакал да си замине од Барселона, а така е и сега. Можеби би се сложил за враќање во Атлетико Мадрид каде повторно би играл со Луис Суарез, но преговорите се очекува да потраат уште извесно време.
Барселона се обидува да се ослободи од дел од играчите кои зимаат големи плати со цел да се направи простор за новиот договор на Меси и регистрација на новите засилувања.