420
Антоан Гризман во својот договор има клаузула според која летово може да го напушти Атлетико Мадрид за сума помала од 15 милиони евра.
Антон Гризман можеби има 33 години, но и понатаму игра на врвно ниво, сезоната во Ла Лига ја заврши со 16 погодока и 6 асистенции и беше најдобар играч на Атлетико Мадрид.
Според пишувањата на Л’Екип, во неговиот договор има откупна клаузула со која Французинот летоска може да биде купен за смешна сума.
Потребни се помалку од 15 милиони евра за трансфер, па токму поради ова неколку клубови од Европа и САД опипуваат терен.
Сепак, во моментов Антоан Гризман нема желба да го напушти Мадрид и сака да одигра уште една сезона во дресот на Атлетико.