Антоан Гризман вели дека неговата одлука да ја одбие Барселона во 2018 година го вознемирила Меси. Тој на Камп Ноу пристигна во 2019.
Силни беа шпекулациите дека Гризман летото во 2018 година ќе се пресели во Барселона, но на крајот тој одлучи да остане во Атлетико Мадрид, дури и сними видео за одлуката. Меси тогаш се разочарал од Французинот.
„Кога потпишав за клубот побарав прошка за одложувањето на трансферот и тоа што реков дека нема да потпишам за Барселона. Му реков на Меси дека ќе дадам се од себе на теренот за клубот“, вели Гризман.
„Зборував со Лео кога пристигнав и тој ми рече дека кога сум ја одбил првата шанса да дојдам, се почувствувал заебан бидејќи тој јавно побара да дојдам, но ми рече дека е со мене, ми дава поддршка и тоа го чувствувам секој ден“.
Неговиот поранешен агент, Ерик Олхат и чичко му Емануел Лопез предизвикаа големи контроверзии во јавноста со изјави дека Гризман нема добар однос со Меси.
„Олхатс беше многу важен во мојот живот но веќе немам никаков однос со него. Со него престанав да комуницирам од денот кога се оженив. Го поканив на свадба, тој не дојде. Затоа престанав да зборувам со него“.
„Мојот чичко не разбира многу како функционира фудбалот. И новинарот сакаше да го извади тоа од него што го кажа. Му реков на Лео дека никогаш не сум зборувал со него, дури и го немам телефонскиот број од мојот чичко“.
„Ниту моите родители не зборувале со Ерик, а зошто и да зборуваат? Тој со такви изјави може да направи многу штета и да креира проблеми во соблекувалната“.
Гризман е свесен и за критиките кои ги добива за неговите перформанси на теренот. Тој се пожали и дека адаптацијата во играта не му е лесна бидејќи за година и пол работел со тројца тренери, плус пандемијата одиграла улога. Не му е сеедно и за критиките од претседателските кандидати во Барса, и од темата дали тој е добро засилување за Каталонците или не.