244
Барселона сака да го продаде Гризман со цел да отвори простор за новиот договор на Меси и регистрација на засилувањата.
Постојано се шпекулира каде би можел да замине Гризман, а последните информации велат дека Јувентус станува лидер во трката.
Според „Калчомеркато“, Јувентус стапил во контакт со Барселона за ангажман на Гризман и се бара решение како да се реализира трансферот.
Гризман прифатил да направи трансфер во Јувентус, Французинот знае дека клубот инсистира на негова продажба.
Синоќа Павел Недвед потврди дека Роналдо ќе остане во Јувентус, па му се приклучи и Гризман, французинот за кратко време ќе игра заедно со двајцата најдобри фудбалери во светот.