„Гризман дефинитивно оди во Манчестер јунајтед“

by
1 минути читање

Силно се шпекулира дека Гризман од следната сезона ќе го носи дресот со број седум во Манчестер јунајтед, но додека не почне преодниот рок нема да има ништо официјално, па се се сведува на гласини и прогнози. Еден од оние кои силно веруваат дека трансферот ќе се случи е Емануел Пети.

„Мислам дека тој ќе се пресели во Манчестер јунајтед – дефинитивно“ – вели Пети.

„Тој има одлична соработка со Пол Погба во националниот тим и исто така се многу добри пријатели“.

„Гризман носи голови, асистенции но и победнички менталитет“.

„Тој во изминатите четири години го крева нивото секоја сезона. Многу амбициозна личност е и се бори за тимот за кој игра. Ќе биде големо засилување за Манчестер јунајтед“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани