449
Се зголемуваат проблемите на Мејсон Гринвуд, напаѓачот на „ѓаволите“ останува во притвор откако беше уапсен во неделата под сомнене за силување и напад.
Полицијата ја продолжи истрагата и младиот Англичанец сега се сомничи и за сексуален напад и закани за убиство.
Се започна кога неговата девојка во неделата наутро објави видеа и фотографии и се пожали дека е жртва на насилство.
По ваквиот развој на настаните, Манчестер јунајтед го суспендираше фудбалерот, а голем дел од неговите соиграчи престанаа да го следат на социјалните мрежи.
Најк ја суспендираше соработката со Мејсун Гринвуд, а реагираше и ЕА Спортс, напаѓачот повеќе не е дел од популарната видео игра ФИФА 22.