Гринвуд непожелен во Манчестер, еве кои ѕвезди го отследија на социјалните мрежи

by
1 минути читање

Девојката на
фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, Хариет Робсон на социјалните
мрежи излезе со сериозни обвинувања кон него дека тој ја тепал, но и силувал,
по што фудбалерот заврши зад решетки.

Од Манчестер
јунајтед реагираа брзо и го суспендираа офанзивецот, а меѓу другото во
соопштението до јавноста наведоа дека нема да даваат дополнителни коментари дур
фактите не излезат на виделина, односно додека не се разјаснат случувањата.

Како и да е,
пошироката фудбалска јавност е во шок по сиве овие случувања и директно е
вперен прстот кон Гринвуд, за што се бара одговорност, а ѕвездите на „Црвените
ѓаволи“ како Кристијано Роналдо, Давид де Хеа, како и Пол Погба веќе го
отследија Гринвуд на социјалните мрежи.

Примерот исто така го следеа и Маркус Рашфорд, Единсон
Кавани, Фред, односно Џеси Лингард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани