530
Фудбалерот на Манчестер сити, 29-годишниот Џек Грилиш често пати е гостин на ноќните клубови во Англија, а сега повторно се појави снимка од него на која е во алкохолизирана состојба.
Грилиш во 2021 година од Астон Вила премина во Манчестер сити за сума од 117 милиони евра, но во Манчестер не ги оправда вложените средства, иако имаше повремени блесоци.
Снимката која се појави сега на социјалните мрежи е направена по победата на Манчестер сити над Плимунт од 3:1 викендов во ФА Купот.
Jack Grealish leaves Newcastle pub looking unsteady pic.twitter.com/8H86Ae721f
— Mail Sport (@MailSport) March 3, 2025