Грилиш одигра три минути за Манчестер сити, па издоминирал во – ноќен клуб! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Медиумите во Англија редовно го следат Џек Грилиш и и неговите ноќни излегувања, а сега фудбалерот на Манчестер сити повторно се најде во центарот на вниманието.

Таблоидот „Сан“ објави кратко видео од Грилиш како се забавува во ноќен клуб и според изјавите на своедоци англискиот репрезентативец навистина уживал.

„Изгледаше како да ужива, беше навистина опуштен. Си заминаа дома кога заврши настапот, цело време нарашуваа флаши, а сметката беше со пет цифри. Грилиш направи вистинско шоу за сите околу него“, открил еден од присутните на забавата.

Инаку, станува збор за видео кое е направено истиот ден по победата на Манчестер сити над Кристал Палас од 5-2 во која Грилиш одигра само три минути.

Видеото објавено од „Сан“ можете да го погледнете – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани