Грилиш: Во Манчестер Сити е многу потешко отколку што мислев дека ќе биде

by
1 минути читање

Манчестер Сити плати рекордни 100 милиони фунти за Џек Грилиш кој на Етихад пристигна од Астон Вила.

На 20 натпревари досега Грилиш постигна три гола, имаше и три асистенции. Не е лош, но се очекува повеќе од најскапото засилување.

„Досега работев добро, но имам уште многу да дадам. Многу е потешко отколку што мислев дека ќе биде. Уште учам, се прилагодувам. Слушнав дека на некои луѓе им требало година дена да се прилагодат тука, можеби и мене ќе ми биде потребно толку“, вели Грилиш.

„Лудо е бидејќи стандардите тука се исклучително високи и на теренот и надвор од него. Затоа овој клуб е толку успешен во последните години“.

„Кога ќе ве платат 100 милиони фунти, тоа значи дека кога ќе минувате низ сушни периоди, ќе се прашуваат дали вредите толку, ќе се прашаат каде се головите и асистенциите. Јасно ми е тоа, но јас како привилегија го гледам фактот што клубот потрошил толку пари за мене и се надевам дека ќе се оддолжам со голови и трофеи“.

Грилиш за првпат заигра и во Лигата на шампионите.

„Играњето во Лигата на шампионите е тотално поразлично од Премиерлигата. Никогаш претходно не сум играл во европски натпреварувања а навистина сум сакал. Неверојатно е кога ќе ја слушнете химната од Лигата на шампионите, се ежите. Тоа е единствениот трофеј кој играчите тука навистина сакаат да го освојат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×