184
Најскапиот
англиски фудбалер на сите времиња кој од Астон Вила за 100 милиони евра премина
во редовите на Манчестер Сити, Џек Грилиш се најде на насловите на таблоидните
медиуми поради приватните проблеми кои го снајдоа, а истите се однесуваат на
неговата врска.
Се верува дека
неговата долгогодишна партнерка, моделот Саша Атвуд дознала дека фудбалерот бил
во постојана комуникација со британската актерка Емили Атак, по што му упатила
ултиматум, да бира помеѓу неа или актерката.
Британските
таблоиди наведоа дека Грилиш имал тајна врска со Атак цели шест седмици, а Саша
дознала за време на актуелната интернационална пауза за репрезентации.