Грците провоцираа, Германците играа фудбал: ПАОК – Шалке 0:3 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот помеѓу ПАОК и Шалке крена многу прашина поради блискоста на германските навивачи со Вардар и Комити.

Пред натпреварот се случуваа инциденти, за време на мечот провокации од страна на навивачите на ПАОК, а на теренот доминираа Германците.

Шалке лесно со 3-0 победи во Солун и уште вечерва си ја заврши работата за пласман во следното коло, реваншот во Гелзенкирхен ќе биде само формалност.

Резултатот го отвори Бургшталер во 27. минута, на 2-0 зголеми Мајер во 82., а конечните 3-0 за Шалке ги постави Хунтелар пред самиот крај на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани