Најголемото изненадување во денешните квалификациски мечеви го направи Грција која одигра 1-1 на гостински терен кај Шпанија.
Шпанците поведоа со гол на Мората во 33. минута, се чинеше дека сигурно ќе стигнат до трите бода, но Грција израмни преку Бакасетас во 57. минута од пенал и дојде до бод.
Англија очекувано го потопи Сан Марино, Калверт Луин постигна два гола, по еден дадоа Ворд Праус, Стерлинг и Воткинс.
Италија со голови на Берарди и Имобиле во првото полувреме дојде до победа од 2-0 над Северна Ирска.
Ибрахимовиќ со асистенција се врати во селекцијата на Шведска, по негово додавање Клаесон даде гол за победа од 1-0 над Грузија.
Шкотска и Австрија одиграа 2-2, Унгарија и Полска 3-3, немаше победник и на дуелот меѓу Молдавија и Фарски Острови кој заврши 1-1, Албанија со 1-0 славеше на гостувањето кај Андора.
Претходно Данска со 2-0 го победи Израел на негов терен, а гостински триумф забележа и Швајцарија која со 3-1 беше подобра од Бугарија.