Грабеж и во домот на Маркињос, крадците го истепале таткото на капитенот на ПСЖ

by
1 минути читање

На синоќешниот натпревар помеѓу ПСЖ и Нант се случуваа неверојатни сцени. По десетина минути игра во второто полувреме, спортскиот директор Леонардо доби телефонски повик и беше известен дека се одвива грабеж во домот на Ди Марија. Тој веднаш го исвести тренерот Маурисио Покетино, кој пак го извади напаѓачот од игра, му ја кажа непријатната вест и го испрати дома.

Во исто време се случувало уште една драма, во домот на таткото на Маркињос. Како што пишува Ле Паризиен, за време на натпреварот помеѓу ПСЖ и Нант влегле крадци кои физички го нападнале таткото на капитенот на „светците“, кој добил удари во лицето, торзото и ребрата, крадците со ќотек изнудиле информација каде се вредните предмети. Потоа бил заклучен во една од собите а крадците си заминале со накит, скапоцени предмети и 2.000 евра во кеш.

Маркињос за настанот дознал дури по крајот на натпреварот и тој го одигра целиот меч против Нант.

На социјалните мрежи се огласи и сопругата на Макрињос која се обиде да ги појасни случувањата и порача дека никој не страдал и дека таткото на дефанзивецот повеќе е исплашен отколку повреден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани