Готово: Мурињо е нов тренер на Реал Мадрид!

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот португалски тренер Жозе Мурињо од следната сезона ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

Оваа информација ја објави познатиот спортски новинар Саша Таволиери, кој тврди дека Мурињо постигнал договор со „кралскиот клуб“ и по 13 години повторно се враќа во Мадрид.

Мурињо во моментов е тренер на Бенфика, а неодамна изјави дека на почетокот на следната недела ќе открие каде ќе ја продолжи кариерата. Сепак, според Таволиери работата е веќе завршена.

Португалецот на клупата на мадридскиот гигант ќе го замени Алваро Арбелоа, кој не ги оправда очекувањата по заминувањето на Чаби Алонсо од кормилото на најтрофејниот клуб во светот.

Според шпекулациите, Мурињо веќе разговарал со првата ѕвезда на Реал, Килијан Мбапе, со цел да го убеди да остане дел од проектот по неговото враќање во Мадрид.

Да потсетиме, Мурињо го предводеше Реал од 2010 до 2013 година, период во кој ги освои Ла Лига, Куп на Кралот и Суперкупот на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×