Готово: Италија избра нов селектор!

by Стефан
1 минути читање

Роберто Манчини се враќа на селекторската функција во италијанската фудбалска репрезентација и така се става крај на хаосот кој настан кај Италијанците во изминатите денови.

Прв фаворит за функцијата беше Андреа Пирло, но неговата поврзаност со руска обложувалница предизвика политички реакции, поради што неговото назначување беше стопирано во последен момент. Откако пропадна ангажманот на Пирло од функциите само десетина дена по нивното назначување се повлекоа Малдини и Леонардо.

На крајот претседателот Малаго се одлучи за добро познато име и доврбата на селекторската позиција повторно му ја дава на Манчини.

Манчини беше на клупата на Италија во поразот од баражот од Македонија во Палермо кога ние ги елиминиравме Италијанците од борбата за пласман на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×