Готово е, Кавани останува во Манчестер јунајтед

by
0 минути читање

Кавани и Манчестер јунајтед си подале рака. По неговата одлична форма, Солшер инсистираше на негово останување, а раководството успеа да го убеди и да ја продолжат соработката.

Новиот договор на Кавани ќе биде на уште една сезона, до јуни 2022 година. А потоа тој ќе одлучи дали да го продолжи за уште една.

Бока јуниорс му нудеше двегодишен договор, но Кавани одлучи да остане барем уште една сезона во Европа, а потоа да се пресели во аргентинскиот клуб ако понудата од нив се уште биде на маса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×