Доминик Ливаковиќ ќе стане нов голман на Барселона. Каталонскиот гигант постигнал договор со Фенербахче за трансферот на хрватскиот репрезентативен голман, објави Фабрицио Романо.
Барселона веднаш ќе му плати на Фенербахче 2 милиони евра, додека турскиот клуб може да добие уште 2 милиони евра преку бонуси.
Ливаковиќ, сепак, нема веднаш да му се приклучи на тимот на Ханси Флик. Планот на Барселона е хрватскиот голман да биде испратен на позајмица во текот на актуелната сезона, а на „Камп Ноу“ да пристигне во јуни 2027 година.
Одличниот однос меѓу менаџерот Анди Бара и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја отворил можноста за реализација на трансферот на Ливаковиќ.
Се очекува трансферот наскоро да биде и официјално потврден.