358
Преодниот рок за македонските клубови истече на полноќ, а Гостивар го фати последниот воз да потпише со Аиас Аосман од Сирија.
Станува збор за 30-годишен фудбалер од средниот ред, Аиас Аосман е Сириец со германски пасош.
Тој во својата кариера настапувал за Динамо Дрезден, Адана Демирспор, Тузласпор, Јоникос, Херманштад, Генчлербирлиги.
Аосман има одиграно и 15 натпревари за репрезентацијата на Сирија.