Ѓорѓиоски: Вардар ги искористи своите шанси

by Стефан
0 минути читање

Струга вечерва не успеа да дојде до трофејот во Купот на Македонија, а по натпреварот поразот спортски го призна и стратегот на овој тим, Илчо Ѓорѓиоски.

Според него Вардар ги искористил своите шанси и заслужено победил.

„Секако дека можеше поинаку. Вардар ги искористи своите шанси и заслужено победи. Им честитам и им посакувам успех во Европа. Ние не ги искористивме нашите прилики. Првиот гол го примивме од полушансa, вториот веднаш на почетокот на второто полуврем  и тој погодок нè урна психолошки. Се обидовме преку посед да се вратиме, но не успеавме да постигнеме гол“, изјави Ѓорѓиоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани