Германскиот
национален состав трпеше безброј критики изминатиов период, а се чини дека сето тоа
кулминираше со поразот токму од Македонија на свој терен во мундијалските
квалификации.
Како и да е,
избраниците на Јоаким Лев тргнаа лошо и на Европското првенство со минималниот
пораз од Франција на стартот, меѓутоа покажаа што знаат и умеат со победата од
4-2 во второто коло против Португалија.
Фудбалерот на
Баерн Минхен и репрезентативец на „Панцирите“, Леон Горецка со доза на иронија
ги коментираше случувањата изминатиов период.
„Убаво е повторно
имате 82 милиони луѓе кои сметаат дека се тренери на Германија, тоа е подобро отколку
да имате 82 милиони воролози“ рече Горецка, алудирајќи на тоа што освен тоа што
многу Германци се сметаат за експерти во фудбалот, многумина се дрзнале да
бидат и виролози во текот на пандемијата со ковид-19.