1,4K
Медиумите од Италија пренесуваат дека Сержо Консеисао би можел да си даде оставка од кормилото на Милан доколку ја совлада Болоња во финалето на Купот на Италија, стратегот е горделив и нема да чека клубот да му врачи отказ.
Сержо Консеисао е под договор со „росонерите“ до 2026, но Милан има опција летоска да ја прекине соработката, и се почесто се говори дека токму ова ќе се случи, клубот од Сан Сиро ќе има нов тренер за сезоната 2025/26.
Последните информации велат дека стратегот нема да чека отказ од Милан и сам ќе си даде оставка доколку го освои трофејот во Купот на Италија.
Сержо Консеисао е горделив и смета дека ова е најдобриот начин за разделба со „росонерите“.