Горан Пандев: Не паметам ваква сезона во Калчото, Јувентус „гази“ во Италија но во Европа…

by
2 минути читање

Горан Пандев даде
интервју за „Газета дело Спорт“. Македонецот разговараше на многу теми, за
неговата сезона со Џенова, за неговите планови во иднина како и за случувањата
во Серија А оваа сезона.

Напаѓачот беше
дел од историската сезона на Интер, кога „нероаѕурите“ стигнаа до тројната
круна во 2010 по триумфот во Лигата на шампионите. Од тогаш па наваму, ниту
еден клуб од Италија не стигнал до трофејот од најелитното европско
натпреварување.

„Проблем е тоа
што квалитетот на фудбалот во Италија опадна. Не паметам сезона во која
првенството е веќе решено во февруари. Милан, Интер, Наполи, Рома и Лацио не се
доволно силни. Па кога сите овие клубови не се на потребното ниво, не може да
се има напредок. Јувентус лесно победува во Италија, „гази“ во Серија А, но во
Европа е друга приказна. Сега е на прагот на елиминација уште во осминафинале.
Се надевам дека ќе можат да ја надополнат негативата во реваншот. Имаат
квалитет и можат да му дадат два или три гола на Атлетико, и покрај тоа што
притивникот е навистина силен“
– вели Македонецот.

Розевиот весник
го најавува Горан Пандев како иден претседател на Фудбалската федерација на
Македонија, но пред да се случи ова, напаѓачот има три желби: да обезбеди
опстанок со Џенова, да обезбеди уште една година на „Ферарис“ или на друго
место во Италија, и да стави крај на кариерата со настап на Европското
првенство во 2020.

„Неодамна имав
контакт и ми беше понудено да ја превземам оваа позиција, но преферирам да
одиграм уште една година. Би сакал да продолжам во Џенова уште 12 месеци, но
доколку тоа не е можно, се надевам дека ќе најдам место во друг клуб. Ќе
разговараме летоска. Исто така ме чека плеј-офот против Косово со
репрезентацијата на Македонија. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата со
настап на Европското првенство со мојот национален тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани