186
Реал Мадрид е
сериозно заинтересиран за услугите на 24 годишниот стопер на Ливерпул, Џо
Гомез, кој не е во преден план кај тренерот Јирген Клоп.
Гомез се соочи со
одредени проблеми со повреда од потежок карактер која го одалечи од терените
цели осум месеци, а сега е дури и последно решение по Жоел Матип и Ибрахим
Конате, со тоа што неприкосновен за својата позиција е Вирџил ван Дајк.
Клоп за момент ги
отфрли шпекулациите со Гомез, а посочи дека во јануарскиот преоден рок нема
планови за испраќање на позајмица на било кој фудбалер во моментов.
Освен со Гомез,
Реал Мадрид се поврзува и со Жул Коунде, По Торес, како и Матијс де Лихт.