Оваа недела
финишираше првата половина од првенството во Серија Б, во кое Палермо на зимска
пауза замина како лидер на табелата со 39 поени.
За ова голема
заслуга има Илија Несторовски, кој е прв стрелец на „Сицилијанците“ со 10
погодоци.
Головите на Македонецот
се злато вредни, а за тоа говори и статистиката која покажува дека „Нестогол“ е
најодлучувачкиот играч во Серија Б по одиграно 21. коло.
Имено, погодоците
на Илија Несторовски донеле дури 13 од 39 бодови до кои стигна Палермо.
Голгетерот
сигурно ќе имаше уште подобри бројки да не беше повредата заработена овој месец
како и обврските со репрезентацијата поради кои пропушти неколку натпревари.
E’ Ilija #Nestorovski il giocatore più decisivo del girone di andata: 13 dei 39 punti del @palermocalcioit, campione d’inverno, arrivano grazie ai gol determinanti dell’attaccante macedone
Scopri le altre curiosità di @footballdata_fi https://t.co/wjSJEDrRE0 pic.twitter.com/Xem6viZYLA— Lega B (@Lega_B) December 30, 2017