81
Избраниците на Ангеловски вечерва гостуваат на Романија во Букурешт, а
тамошната „Национална арена“ ќе биде домаќин и на два меча за нашата селекција
на Европското првенство, па ова е убава можност за „загревање“ за историскиот
настап на едно големо натпреварување.
Од Фудбалската федерација на Македонија на посебен
начин го најавија вечерашниот дуел со Романија, со што потсетија на голот на
Александар Васоски во мечот кој се одигра во 2004 година, исто во квалификации
за Светско првенство, но на истиот меч во Крајова домаќинот беше подобар со
2-1. Асистент во голот на популарниот „Тетовче“ беше легендарниот капитен на нашиот национален фудбалски состав, Артим Шаќири.