Сопругата на
шпанскиот напаѓач Алваро Мората, Алис Кампело на социјалните мрежи објави
неколку пораки кои ги добила откако нејзиниот сопруг го постигна израмнувачкиот
гол против Италија синоќа во полуфиналето од Европското првенство.
Во некои од
пораките, кон неа беа упатени желби дека ќе се разболи од рак, а не биле
поштедени ниту нивните три деца, објави Италијанката.
„Не се грижам за
овие коментари, не страдам поради сево ова, не се работи за тоа дека се Италијанци,
туку нешто на кое мора да се гледа со игнорирање“ напиша Италијанката.
„Доколку сево ова
се случеше на послаба особа по карактер, тоа би било проблем, да не заборавиме
дека ова е само спорт, кој ги обединува луѓето, а истиот не може да се користи
за лечење на ваѓите фрустрации“ додаде таа во објавата.
