185
Лион ги освои трите бода кај ПСЖ и го помина на табелата, сега тие се второ место, а парискиот гигант на третото место, лидер е Лил.
Во финишот од мечот не се бираа средства за задржување на време, а голманот на Лион, Лопез беше тој кој „воодушеви“ со својата глума.
Голманот беше удрен од негов соиграч и почна да се тркала по теренот до рекламите, да не беа тие можеб уште ќе се вртеше.
Но Нејмар најмалку треба да негодува на ова, тој во минатото беше познат по глумата, а едно негово вакво вртење во дресот на бразилската репрезентација стана вирално.