Избраниците на
Солари сврзаа неколку добри резултати, а во исто време Барселона киксираше во
серија, па Реал Мадрид ја намали негативата на само шест бода. „Каталонците“
имаат две тешки гостувања, на Рамон Санчез Писхуан кај Севиља па потоа на
Сантијаго Бернабеу, па фановите почнаа да се надеваат дека „кралевите“ можат да
се вратат во трката за титулата во Шпанија.
Но Реал Мадрид приреди
разочарување во најлош момент и денеска на домашен терен загуби од Жирона.
„Кралевите“ одлично го почнаа мечот, постојано вршеа притисок и поведоа со
голот на Касемиро, а имаа и уште неколку прилики за 2-0.
Сепак, домаќините
како да беа друг тим во второто полувреме, па Стуани од пенал во 65. минута
изедначи на 1-1 за Порту десет минути подоцна да приреди големо изненадување и
да го матира Куртоа за 1-2.
До крајот на мечот, Серхио Рамос заработи исклучување откако по втор пат влезе
во бележникот на судијата, и само продолжи да испишува негативни рекорди кога
се во прашање жолтите и црвени картони.