79
Рики Пуџ важеше
за еден од најголемите таленти во „Ла Месиа“, дебитраше за првиот тим на Барселона со 19
години но никогаш не ги исполни очекувањата.
Не успеа да се
наметне кај ниту еден тренер и сега е на излезна врата. Но наместо да си ја
проба среќата во послаб клуб од најсилните првенства во Европа, или во моќен клуб од
послабите првенства, Шпанецот со само 23 години се реши за преселба во МЛС, каде обично се оди на залезот од кариерата.
Тој ќе потпише со
Лос Анџелес Галакси, Барса му дава одврзани раце за промена на средината со тоа што „каталонците“
ќе добијат процент доколку Рики Пуџ напрви трансфер во иднина.