„МондоНаполи“ во текст со наслов „Дијамантот кој почнува да сјае“ покажува импресионираност од квалитетите на Елиф Елмас велејќи дека тој е иднината на клубот кој ќе им даде надеж на фановите за многу радосни моменти.
„Во оваа проблематична сезона карактеризирана со повеќе тешкотии, една од среќните ноти во овој последен период без сомнение е Елиф Елмас. Многу младиот играч од средниот ред, особено под водство на Џенаро Гатузо, покажа големи квалитети во силна конкуренција, покажа одлична техника, тој е пример за „отровот“ кој го бара тренерот. Донесе победа против Сасуоло, постигна гол против Сампдорија доминирајќи на теренот, го предводеше средниот ред како ветеран. Тој е играч за иднината кој ќе направи фановите на сините да се надеваат на големи моменти“, стои во текстот за Елмас.