Голема вест од Тбилиси, Адеми ќе игра против Грузија!

by
1 минути читање

Поради повреда неизвесен беше настапот на Адеми на мечот со Грузија, поради тоа дополнителен повик доби Тотре.

Последните информации од Тбилиси велат дека Адеми ќе биде подготвен за настап, ќе стисне заби и ќе игра, нема намера да го пропушти најважниот меч во историјата на Македонија.

Од клучните играчи ќе недостасува само Барди, нема да настапи и Кире Ристевски кој исто така беше стандарден одбраната на последните натпревари.

Се очекува селекторот Ангеловски да почне со тројца централни дефанзивци, пред голманот Димитриевски ќе бидат Бејтулаи, Велковски и Муслиу. Странично ќе играат Алиоски и Ристовски. Во средниот ред ќе играат Николов и Адеми, пред нив ќе биде Елмас, а во нападот Пандев и Несторовски.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија почнува од 18 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани