144
Аланијаспор синоќа одигра 1-1 на гости против Кајзериспор. По мечот некои од играчите решиле да се вратат во Аланија со минибус и на пет километри до пристигнување во градот имале голема сообраќајна несреќа.
Возачот заспал зад воланот и минибусот излетал од патот, фудбалерите веднаш биле пренесени во болница, а на повредите им подлегнал чешкиот играч Јозеф Шурал.
Шест играчи се тешко повредени, Баиано, Џалма, Ајзак Секи, Стивен Колкер, Папис Сисе и Велнгтон, тие се задржани во болницата.