Голема болка и тага за Гатузо, почина неговата сестра на 37 годишна возраст

by
0 минути читање

Голема болка и
тага за Џенаро Гатузо, утрово починала неговата сестра. Како што
пренесуваат медиумите од Италија, 37 годишната Франческа била хоспитализирана во февруари и била итно оперирана.

Со месеци лежела
на интензивна нега во болница и за жал не успеала да се опорави. Тренерот на
Наполи трагичната вест
 ја дознал додека го водел тренингот на Наполи во Кастел
Волтурно.

Од таборот на
Наполи веднаш му изразија сочувство, а истото го стори и Милан, каде
популарниот Рино е легенда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×