Вест Хем има
сезона за паметење под кормилото на Дејвид Мојс, „Чеканите“ во моментов по 30
одиграни кола се наоѓаат на четвртото место на табелата со бод предност во
однос на Челси, а со четири бода заостанување зад трето пласираниот Лестер.
Сепак, доста проблематична
за фановите на овој клуб е секако веста за повредата на напаѓачот Михаил
Антонио за време на победата кај Вулверхемптон во понеделникот каде одигра само
35 минути.
Антонио веќе бил
подложен на медицински прегледи по повредата на тетивата, а постои стравување
во Вест Хем дека тој ќе пропушти голем дел од претстојните осум меча до крајот
на актуелната сезона.
Доколку се
потврди најлошото сценарио, тоа би било тежок удар за Мојс и Вест Хем, особено
по повредата на Деклан Рајс кој ќе отсуствува четири седмици.