Голем пех за Гвардиола и Манчестер Сити

by
1 минути читање

Еден од
предводниците на составот на англискиот шампион Манчестер Сити, Давид Силва, ќе
паузира четири седмици поради повреда, откако со истата се здоби на дербито со
Челси, каде неговиот тим загуби на гостински терен со 2-0, по што играта ја
напушти во второто полувреме.

По ова, шефот на
стручниот штаб на Граѓаните, Пеп Гвардиола се соочува со големи проблеми во
својата екипа, каде се зголеми списокот на повредени фудбалери, покрај Силва,
таму се уште и Браво, Данило, Менди, Де Брујне и Агуеро.

Според
информациите од Островот, Силва ќе ги пропушти натпреварите со Евертон, Кристал
Палас, Лестер и Саутемптон во Премиерлигата, како и мечот против Хофенхајм во
Лигата на шампионите, кој е предвиден да се одигра утревечер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани