Гол за Галатасарај денеска постигна и голманот Муслера (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Галатасарај денеска со победа од 3-0 против Кајсериспор ја потврди титулата во турското првенство, а интересен момент во овој натпревар видовме пред крајот на натпреварот.

Имено, кога веќе се беше решено во Галатасарај му дадоа шанса на голманот Муслер да го изведе пенало во 88. минута. Чуварот на мрежата не го изведе ударот од белата точка баш најдобро, но сепак го запиша своето име во листата на стрелци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани