224
Видеотон со
победата од 1-4 на гостински терен кај Хонвед ја продолжи трката за титулата во
најсилниот унгарски фудбалски шампионат, заедно со Ференцварош, со кого се
израмнети на врвот од табелата во тоа првенство, со по 54 бода.
Бобан Николов,
македонскиот репрезентативец ја најави победата за гостите во 35. минута,
постигнувајќи го својот прв гол за клубот каде потпиша во зимскиот јануарски
преоден рок, напуштајќи го македонскиот првак Вардар.
Николов досега
одигра шест натпревари за Видеотон во унгарскиот шампионат, каде преостануваат
уште осум кола до крајот на првенството.