Ѓоко Зајков замина од Романија, кариерата ќе ја продолжи во ОАЕ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков стави крај на романската авантура со Универзитатеа Крајова и ја прифати понудата од Обединетите Арапски Емирати – од следната сезона ќе го носи дресот на Ајман.

Стоперот зад себе има три стабилни и квалитетни сезони во Лига 1, а новиот трансфер доаѓа како награда за неговата одлична форма – вклучувајќи ги и импресивните партии во дресот на Македонија против Белгија и Казахстан.

Во кариерата досега настапуваше за Работнички, Шарлоа, Левски и Славија Софија, како и за украинската Ворскла – сега следува нова страница во Емиратите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×