187
Се чини дека
годините се само бројка за Кристијано Роналдо кој одлично ја почна втората
авантура во Манчестер јунајтед во својата кариера, откако запиша четири
погодоци од три одиграни натпревари засега во новата сезона.
На последниот
меч, во победата со 1-2 кај Вест Хем, „седмицата“ на Манчестер јунајтед потсети
и на најдобрите денови во својата кариера, откако постигна максимална брзина од
32.51 километар на час во текот на еден спринт.
Тој статистички
податок му донесе прво место во однос на брзината на мечот во Лондон, односно
беше побрз од својот соиграч Арон Ван- Бисака, како и играчот на „Чеканите“,
Џерод Боуен.