Го врати од пензија, а сега Барселона на Шчесни му нуди и нов договор

by 24 фудбал
1 минути читање

Војчех Шчесни се врати од фудбалска пензија по повикот да застане меѓу стативите на Барселона.

Искусниот полски голман по крајот на минатата сезона се повлече од фудбалот, меѓутоа потоа пристигна понудата од Барса. Клубот од Каталонија бараше замена за Марк Андре Тер Штеген кој се повреди и рано ја заврши сезоната, па изборот падна на Шчесни.

34-годишникот досега за каталонскиот гигант бранеше на 14 натпревари, прими 13 гола и на осум средби ја сочува својата мрежа недопрена.

Во Барселона се задоволни од перформансите на Шчесни и влегуваат во преговори со него за продолжување на соработката и за следната сезона. Конечната одлука дали сака да продолжи со фудбалот ќе ја има самиот голман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани