„Го победив Роналдо во пинг-понг па тој веднаш отиде да купи маса и почна да вежба“

by
1 минути читање

Белгија се среќава со Португалија во осминафиналето на ЕВРО 2020, па на
тамошните медиуми фокусот им е кон првата ѕвезда, Кристијано Роналдо.

Синоќа беше објавено интеврју со Дауда Петерс од У23 тимот на Јувентус, кој
откри дека ЦР7 речиси секогаш пред натпревар јаде брокула, ориз и пилешко, и
пие многу вода, никогаш Кока-кола.

Денеска своето искуство од соработката со Кристијано Роналдо ја сподели
Ричи Де Лат, кој делеше соблекувална со Португалецот во Манчестер јунајтед пред
12 години.

Тој раскажа анегдота поврзана со карактерот на Кристијано Роналдо, кој
очигледно не сака да губи и има огромен натпреварувачки дух.

„Еднаш го победив во пинг-понг и Кристијано веднап отиде да купи маса и
почна да вежба“
– вели Де Лат во разговор со ХЛН.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×