Го обвинија дека намерно играл со рака за Галатасарај да добие пенал, ама изгледа не го гледале натпреварот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Галатасарај
синоќа одигра 1-1 против Кајзериспор, а по крајот на натпреварот во фокусот е
гостинскиот фудбалер
Мугдат Челик, кој два пати играше намерно со рака, направи пенал и доби црвен
картон.

Ако се поврзат
сите овие три работи, веднаш на ум паѓа дека нешто е чудно, па многумина на
социјалните мрежи побрзаа да го обвинат Мудгат Челик дека намерно кумувал за неговиот
поранешен клуб Галатасарај да се стекен со преднос и се пишуваше за бизарен или
скандалозен пенал.

Но проблем е што
намерното играње со рака и пеналот се два одделни инциденти. Мудгат Челик имаше
со рака во првото полувреме и тоа на работ од шеснасетникот, па Галатасарај
доби слободен удар а играчот само жолт.

Пеналот се случи
во второто полувреме и тоа по еден минимален контакт, судијата во прв момент досуди
корнер но по прегледување на снимките со ВАР реши да покаже на белата точка и
по втор пат да извади жолт картон за Мудгат Челик.

„Го вадам лебот
во Кајзериспор и во моментов мислам само на Кајзериспор. За ситуацијата кога
играв намерно со рака, противникот имаше отворен пат кон голот, па морав да го
спречам. Што се однесува за пеналот, тое е тешка одлука. Противникот трчаше
пред мене, дури и не го видов, го допрев само со врвот на стапалото. Немав
никаква намера. Не заслужив црвен“
– ја објасни својата партија Мудгат Челик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани