Гнабри го стави Баерн Минхен на „стенд-бај“ за Рафиња, а шансата ја чека и Челси

by
1 минути читање

Според пишувањата
на „Билд“, се верува дека минхенски Баерн под будно око ја следи ситуацијата со
ѕвездата на Лидс, Рафиња кој блесна и во националниот тим на Бразил, а за
момент го привлече вниманието на повеќето европски гиганти.

Со оглед на
фактот што Серж Гнабри се уште не дал зелено светло за да потпише нов договор
со „Баварците“, за што клубот од Минхен прави максимални напори за да се затвори
прашањето со иднината на 26 годишниот офанзивец, Рафиња и натаму е под мониторинг.

Актуелниот
договор на Гнабри со Баерн Минхен истекува идната година, па од тука јасни се
намерите на германскиот клуб, а раководството на истиот сосема му е јасно дека
Рафиња нема да биде лесен плен, односно тука се зема во предвид и високата цена
за обештетување на Бразилецот.

Шансата во целата ситуација ја чека и Челси, за што Томас Тухел посакува особено да има засилувања во офанзивниот ред каде зачестија низа проблеми изминатиов период, а токму од таму има незадоволство во составот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×