Вардар утре како домаќин
го пречекува својот градски ривал Работнички во заостанатиот натпревар од 12
коло во Првата македонска фудбалска лига.
Никола Глигоров,
најавува победа за црвено-црните на утрешниот меч, вели дека на првиот меч
сезонава Работнички сосема заслужено триумфирал, но утре ќе биде поинаква
слика.
„Ова
ни е последен натпревар во првенството оваа година, и низ него прво сакаме да
ја намалиме бодовната разлика во однос на нашиот ривал за првата позиција
на табелата, а второ сакаме на некој начин да му вратиме на Работнички за
поразот во првиот натпревар сезонава. Тие беа подобри, сосема заслужено
победија, сега утре посакувам и очекувам ние да бидеме подобри и да победиме“ вели Глигоров.
„Завршува
овој прв дел од сезоната во првенството во кој што знаеме дека можевме да
поминеме многу подобро. Меѓутоа не ни останува ништо друго, освен да победиме и
да ја намалиме разликата, и да се обидеме во пролетниот дел од сезоната да
стигнеме до тоа прво место кое што секогаш е целта. Со Работнички ќе биде тежок
натпревар, очекувам добра игра на Вардар и на крајот освојување на три бода“ додаде искусниот фудбалер на црвено-црните.
Утрешниот меч кој ќе се
одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје е предвиден да стартува со почеток од
13 часот. Вардар е втор на табелата со десет бода заостанување зад лидерот
Шкендија, но и натпревар помалку. Работнички пак со 23 бода се наоѓа на средина
од табелата.
Во првиот меѓусебен дуел оваа сезона Работнички како домаќин беше подобар со 3-1.
Извор/Фото-вест:
fkvardar.mk