Тренерот на Челси, Енцо Мареска откри дека Кол Палмер ќа паузира уште шест недели, а неизвесни за пресметката против Нотингем Форест ќе бидат и Енцо Фернандез, Моисес Каиседо и Педро Нето.
Кол Палмер требаше да се врати по паузата за настап на репрезентациите, но Англичанецот од повредата на препоните се опоравува многу побавно од очекувањата.
„За жал тој биде надвор од стројот уште шест недели“ – рече Енцо Мареска на денешната средба со новинарите.
„Се обидуваме да го заштитиме што е можно повеќе. Најважно е да биде целосно фит кога ќе се врати. Се надеваме дека шест недели ќе бидат доволно за целосно да ја санира повредата“.
Предводникот на Челси потоа соопшти и други лоши вести за пресметката против Нотингем Форест.
„Мои (Моисес Каиседо), Енцо (Фернандез) и Педро (Нето) не тренираа вчера. Ќе видиме дали ќе можат да тренираат денес. Доколку не тренираат, нема да бидат во комбинација“.