Главоболка за Мурињо, остана без најдобриот играч за големото дерби против Лацио

by
1 минути читање

Лоренцо Пелегрини во натпреварите од новата сезона се промовираше во најзначаен фудбалер на Жозе Мурињо. Тој е капитен и вистински инспиратор во играта на Рома и често знае да ги реши натпреварите.

Мурињо кој ионака нема широк состав во Рома, останува без Пелегрини за дуелот со Лацио кој се игра во недела.

Португалецот смета дека вториот жолт картон на Пелегрини е престрого досуден и побара од клубот да поднесе жалба.

Не знам дали има легални механизми во италијанскиот фудбал, но доколку можеме да се жалиме, мора да го направиме тоа. Се сомневам дека некој би можел да каже дека тоа беше заслужен жолт картон. Доколку има начин за жалба за овој картон, тогаш мора да го направиме тоа и да му овозможиме на Пелегрини да игра во недела“, вели Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани