180
Реванш натпреварот од Купот на Италија меѓу Јувентус и Милан беше првиот дуел по прекинот на сезоната поради коронавирусот.
Мечот се играше пред празни трибини, па единствен начин да се гледа беше преку тв приемниците.
Статистиката вели дека вкупно 8,276 милиони телевизори во Италија биле уклучени на „Раи 1“ за време на натпреварот. Тоа било 33,9 проценти од луѓето кои во тој момент гледале телевизија.
Вечерва во Италија фудбалот повторно ќе биде во прв план, се игра вториот дуел од Купот на Италија, Наполи го пречекува Интер, тимот на Елмас има предност од 1-0 по првиот натпревар.