60
Шкендија го доживеа очекуваниот пораз, не успеа да направи изненадување против Тотнем, но скапо ја продаде својата кожа.
„Задоволен сум од играта и пристапот на моите играчи, имавме добра транзиција, добро игравме со топка. Постигнавме и еден гол, можевме и втор. Добивме многу од овој дуел, игравме рамноправно во голем дел од мечот, на моменти бевме и подобри. Можам да кажам дека сум горд на моите играчи“, вели Ѓока.