„Ѓаволите“ се најдоа во тесно па на Де Хеа му понудија двојно поголема плата

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ се
најдоа во тесно откако преговорите со Давид Де Хеа тапкаа во место, па посегнаа
по единственото решение кое го имаа, на Шпанецот му понудија многу, многу пари.

Според пишувањата
на „Сан“, Де Хеа наскоро ќе стави потпис на нов догогодишен договор, ќе добие
двојно поголема плата или 400.000 фунти неделно.

Со вакви бројки,
тој не само што ќе биде далеку најплатен голман во светот, туку и втор
најплатен играч во Премиерлигата. Пред него ќе биде само Алексис Санчез, кој си
обезбеди неделни примања од 500.000 фунти кога на почетокот од годината го
одбра Олд Трафорд како следна дестинација во кариерата.

Со ова ќе се
стави крај на гласините за иднината на Шпанецот. Изминатиов период тој често
беше дел од шпекулациите на медиумите, со оглед на тоа дека актуелниот договор,
вреден околу 200.000 фунти, му истекуваше на крајот од сезоната, двете страни
тешко наоѓаа заеднички јазик, а ПСЖ и Јувентус сакаа да ја искористат
ситуацијата и да го доведат голманот во своите редови.

Манчестер
јунајтед си купи додатно време со тоа што ја активираше клаузулата за додатни
12 месеци, а сега трајно го реши проблемот со тоа што му понуди богатство на
Давид Де Хеа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани